• петок, 05 декември 2025

Средба на пратеничките Василевска и Мираковска со евроизвестителот Вајц

Средба на пратеничките Василевска и Мираковска со евроизвестителот Вајц

Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Пред почетокот на 24. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет РСМ – ЕУ, кој денеска и утре се одржува во седиштето на Европскиот парламент во Стразбур, копретседавачката Иванка Василевска и заменик-копретседавачката Соња Мираковска, остварија средба со известителот за Република Северна Македонија во Европскиот парламент, Австриецот Томас Вајц, кој по функција учествува во работата на ова заедничко парламентарно тело.

Како што се наведува во соопштението од собраниската прес-служба, на средбата беа разменети мислења за актуелните случувања во државата, напредокот на реформската агенда, Извештајот на Европската комисија, како и за очекувањата од престојниот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет.

Василевска изразила благодарност за сите вложени напори од страна на Европскиот парламент и посебно од известителот Вајц за придвижувањето на процесот на приближување кон Европската Унија и потенцираше дека сите релеванти политички фактори во земјата се целосно посветени на оваа цел.

Известителот Томас Вајц, како што се наведува, ја искористил оваа пригода да ја изрази силната и недвосмислена поддршка од страна на Европскиот парламент за евроинтеграцијата на Република Северна Македонија заснована на постигнати резултати и заедничка соработка. ев/бак/

ФОТО: 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан