• петок, 05 декември 2025

Средба на потпретседателот на Собранието, Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Средба на потпретседателот на Собранието, Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Скопје, 8 мај 2025

Денес во Собранието се одржа средба со г. Пол Брејтвејт, регионален лидер за Европа- од Партнерството за отворена власт (ПОВ), г-а Сандра Пернар, виш регионален координатор за Европа од ПОВ и г. Метју Трамонти, службеник за истражување -Независен механизам за известување, Гордана Гапиќ Димитровска, Национален координатор за ПОВ-Министерство за јавна администрација, г. Бобан Стојаноски - заменик генерален секретар на Собранието и Златко Атанасов - раководител на Парламентарниот институт, во врска со спроведувањето на ПОВ процесот во државата и на Акцискиот план на Собранието кон Партнерството за отворена власт https://www.sobranie.mk/akciski-plan-pov.nspx .

На состанокот се нагласи значењето за транспарентноста и пристапноста на институциите, и беа позитивно оценети континуитетот и напорите на државата во спроведување на националниот план.

Собранието останува посветено на преземените заложби во својот Акциски план кои подразбираат:

· Развој на електронски регистар на регулаторни тела и други именувања и назначувања од Собранието, јавен, доста и пребарлива за користење и информирање на граѓаните, граѓанските организации, академските институции и други;

· Информирање на јавноста со нови содржини на Собранискиот ТВ канал, што ќе овозможи подобри и повеќе информации за јавноста за законодавната власт;

· Собранието во својата надзорна надлежност да спроведе надзорна расправа за спроведувањето на Националниот план на државата кон Партнерството за отворена власт;

· Спроведување на Парламентарен караван во општините каде се избрани пратениците, со цел да се овозможи директна комуникација со граѓаните.

Партнерството за отворена власт нуди модел за планирање на мерки и заложби од институциите за реформи, во две годишни акциски планови, заедно со граѓаните и организациите во општеството, со надворешен механизам за следење на спроведување на активностите на законодавната, извршната и судската власт

Собрание на РСМ

Фото: Собрание на РСМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан