• петок, 22 ноември 2024

Средба на партиските работни групи за европскиот предлог

Средба на партиските работни групи за европскиот предлог
Скопје, 6 јули 2022 (МИА) - Работни групи на политичките партии ќе го разгледуваат последниот француски предлог чие евентуално прифаќање би значело тргање на бугарското вето за почеток на преговори на земјата со Европската унија. Првата средба на работната група ќе се одржи денеска во Клубот на пратениците, и според информациите од претставниците на партиите, ќе биде од затворен карактер. Во состав на оваа група, како што потврдуваат од политичките партии за МИА, се вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, пратениците Антонио Милошоски и Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми, Елми Азири од Алијанса на Албанците и пратеникот Павле Трајанов, како претставник на ЛДП, ДОМ и ДС. Се очекува на средбата партиските претставници да ги изнесат своите ставови и забелешки за предлогот, што веќе се познати во јавноста. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски соопшти дека тие не го прифаќаат овој предлог и ги изнесе официјално нивните забелешки по средбата со премиерот Димитар Ковачевски. Ставови за неприфаќање на предлогот изнесоа и ЛДП, ДОМ и ДС. Државниот врв предводен од престедателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Ковачевски, претседателот на Собранието Талат Џафери, Владата како и други јавни личности сметаат дека предлогот е добар и треба да се прифати, дека се запазени нашите црвени линии. На прифаќање на предлогот повика и претедателот на Европскиот совет Шарл Мишел кој вчера беше во еднодневна посета на Северна Македонија. ев/бак/      

Остани поврзан