• недела, 22 декември 2024

Средба на министерот Шаќири со потпретседателот на црногорската Влада

Средба на министерот Шаќири со потпретседателот на црногорската Влада
Скопје, 25 јуни 2021 (МИА) - За време на денешната посета на Подгорица, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири оствари средба со потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ. На средбата станало збор за повеќе теми меѓу кои и за укинувањето на роаминг тарифите во земјите од Западен Балкан и за можните соработки меѓу двете земји. - Размената на искуства е повеќе од неопходна за унапредување на нашите проекти, наведуваат од МИОА. Средбата, како што се посочува во соопштението, завршила со взаемна заложба за остварување на почести состаноци во иднина и со ветување за поинтензивна соработка и комуникација. мс/бак/

Остани поврзан