Средба на министерот Тошковски со казакстанскиот амбасадор, Сатибалди Буршаков
- Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна средба со казахстанскиот амбасадор во земјава, Сатибалди Буршаков, на која биле потврдени пријателските односи меѓу двете земји и можностите за унапредување на соработката на ниво на полиции и борбата против сите видови криминал.

Скопје, 21 мај 2025 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна средба со казахстанскиот амбасадор во земјава, Сатибалди Буршаков, на која биле потврдени пријателските односи меѓу двете земји и можностите за унапредување на соработката на ниво на полиции и борбата против сите видови криминал.
- Двете страни го разгледаа договорот за полициска соработка помеѓу владите на двете земји, чии носители ќе бидат министерствата за внатрешни работи преку чие потпишување ќе се зголеми соработката на оперативно ниво, размената на информации, едукацијата на полициски службеници, како и соработката во борбата против сите видови организиран криминал меѓу двете министерства, соопштија од МВР.
Со тоа, се наведува во соопштението од МВР, дополнително ќе се овозможи подобра соработка и доближување на стандардите на Европската Унија во областа на безбедноста и меѓународната заштита. цр/са/
Фото: МВР