• четврток, 07 ноември 2024

Средба на министерот Николоски со директор на Управата за извршување на санкции, Пандов

Средба на министерот Николоски со директор на Управата за извршување на санкции, Пандов

Скопје, 29 јули 2024 (МИА) - Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска остварил средба со Александар Пандов, директор на Управата за извршување на санкции, на која се разговарало за отпочнување на постапката за изградба на нови простории во КПД Идризово.

- Проектот предвидува изградба на нов објект затворско одделение за мажи, ново притворско одделение и нови објекти за кујна и перална. Изградбата на новите објекти е во висина од 25 милиони евра средства обезбедени со поддршка на Банката за развој при Советот на Европа. Оваа одлука доаѓа по бројните препораки за модернизација на затворските одделенија и подобрување на условите на осудениците, соопштија од Министерството за транспорт. 

Во соопштението се додава дека Владата и во иднина ќе ги преземе сите активности за подобрување на затворските услови и за борбата против корупцијата и насилството во затворите.  

Во рамки на своите надлежности, Министертвото за транспорт ќе ги обезбеди сите административни и градежни дозволи за реализација на овој капитален проект. цр/нд/

Фото: Министерство за транспорт

 

Остани поврзан