• понеделник, 23 декември 2024

Средба на министерот Муртезани со претставници на Европската инвестициска банка

Средба на министерот Муртезани со претставници на Европската инвестициска банка

Скопје, 16 јули 2024 (МИА) -  Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска имал средба со претставници на Европската инвестициска банка (ЕИБ) -  Бјорн Габриел, преставник на ЕИБ во Скопје, и Алесандро де Кончини, виш службеник за заеми за Северна Македонија при ЕИБ, на која разговарале  за можностите за зајакнување на соработката.

Како што соопшти Министерството за европски прашања, Муртезани на соговорниците им посочил дека физичкото присуство на ЕИБ во земјата и на терен за сите операции на ЕИБ „навистина го олеснува спроведувањето на проектите/програмите“.

-Тој се заблагодари за посветеноста на ЕИБ кон земјата низ годините и за поддршката во спроведувањето на тековните проекти, како и за подготвителните активности за идната соработка. Министерот ги информираше соговорниците за индикативната листа на проекти која е направена врз основа на Единствената листа на проекти, истакнувајќи дека индикативната листа го содржи истиот тип на проекти за кои ЕИБ е заинтересирана да инвестира во Северна Македонија, како што се складирање на енергија и централно греење во енергетскиот сектор, инфраструктура во дигитализацијата, инфраструктура на училишта и здравствени институции, се наведува во соопштението.   

Од Министерството посочуваат дека  ЕИБ придонесува за европската развојна и кооперативна политика во согласност со условите и правилата поставени во различните договори кои ја поврзуваат Европската Унија со околу 130 земји. хс/са/

Фото: Министерство за европски прашања 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан