• четврток, 26 декември 2024

Средба на министерот Мисајловски со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер и новото одбранбено аташе, полковникот Кристијан Тесар

Средба на министерот Мисајловски со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер и новото одбранбено аташе, полковникот Кристијан Тесар

Скопје, 10 септември 2024 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска остварил средба со амбасадорот на Австријал Мартин Памер, заменик шефот на Мисијата, Матијас Хуменберге, новопоставеното и досегашното одбранбено аташе на Австрија, полковник Кристијан Тесар и полковник Кристијан Смутек, информираа денеска од Министерството за одбрана.

Министерот Мисајловски на средбата изразил благодарност за одлична соработка со досегашното одбранбено аташе полковник Смутек и му посакал добредојде и успешна соработка на новопоставеното аташе, полковникот Тесар.

На средбата била потврдена одличната одбранбена билатерална соработка со Австрија и можностите за нејзино унапредување во областа на логистиката, справувањето со кризните состојби, воената обука и образование, курсевите за операции за одржување на мирот и други области. сст/бак/

Фото: Министерство за одбрана

Остани поврзан