• вторник, 03 декември 2024

Средба на министерката Божиновска, со шпанскиот амбасадор Сориано Ортиз

Средба на министерката Божиновска, со шпанскиот амбасадор Сориано Ортиз

Скопје, 29 ноември 2024 (МИА) - Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, Рафаел Сориано Ортиз. На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на билатералната соработка во областа на енергетиката, со посебен акцент на развојот на обновливите извори на енергија и зелената енергија, информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Двајцата соговорници ја истакнале важноста од размена на искуства и знаења во овие области, особено во контекст на глобалните напори за енергетска транзиција и намалување на емисиите на стакленички гасови.

Министерката Божиновска изразила благодарност за поддршката што Кралството Шпанија ѝ ја дава на Северна Македонија, како во рамките на Европската Унија, така и преку различни билатерални иницијативи.

Амбасадорот Сориано Ортиз, пак, ја потврдил подготвеноста на Шпанија за продолжување и унапредување на оваа соработка, особено преку нови заеднички проекти во енергетскиот сектор.

-Македонија и Шпанија ги поврзуваат 30 години на богати дипломатски односи и традиционално пријателство. Овие односи се базирани на искрена соработка и споделена визија за одржлив развој и просперитет, истакнала министерката Божиновска, додавајќи дека двете земји ќе продолжат да работат на зајакнување на своето партнерство во различни области. сст/вг/

фото: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Остани поврзан