• понеделник, 19 јануари 2026

Средба на кочанскиот градоначалник Грозданов со заменик-министерката Трајков

Средба на кочанскиот градоначалник Грозданов со заменик-министерката Трајков

Кочани,  29 декември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, денеска оствари работна средба со заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, на која разговараа за продлабочување на соработката за надминување на последиците од големата трагедија што го погоди Кочани.

-Во фокусот на разговорите беа мерките и активностите за институционална поддршка на семејствата на настраданите, како и координираниот пристап на локалната и  на централната власт во обезбедувањето помош во овој исклучително чувствителен период, потенцираат од локалната самоуправа.

На средбата беше истакната заедничката заложба за хуман, одговорен и континуиран пристап кон потребите на погодените семејства.

Општина Кочани и надлежните институции ќе продолжат со меѓусебна соработка, со цел обезбедување конкретна и долгорочна поддршка за заедницата, со посебен акцент на солидарноста, грижата и човечноста, стои во соопштението на Општината. ис/дма/

Фото: Општина Кочани

 

 

Остани поврзан