• недела, 22 декември 2024

Средба на заменик-министерот Исени со офицерот во заминување на германската Сојузна криминалистичка полициска служба, Шпицер

Средба на заменик-министерот Исени со офицерот во заминување на германската Сојузна криминалистичка полициска служба, Шпицер

Скопје, 8 август 2024 (МИА) - Заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска одржа работна средба со офицерот за врски во заминување на Сојузната криминалистичка полициска служба на Сојузна Република Германија, Керстин Шпицер.

Исени, како што соопшти МВР, изрази благодарност за досегашната одлична соработка, нагласувајќи го партнерството меѓу двете земји и министерства. Особено се заблагодари за многубројните донации и помошта што ги има обезбедено Сојузна Република Германија за Министерството за внатрешни работи.

-Заменик-министерот за внатрешни работи воедно истакна дека целта на Министерството е пред сè продолжување на борбата против корупција и криминал, како и продлабочување на односите со меѓународната заедница и со земјите-членки на ЕУ. Во овој контекст, тој се осврна на потребата од помош во областа на едукација на полицијата, нагласувајќи дека едукацијата е еден од приоритетите на МВР, како и во областа на оперативно-техничките работи за поголема ефикасност на полицијата. Тој воедно изрази и надеж дека соработката ќе продолжи и во иднина и дека Сојузна Република Германија ќе ни помогне во нашиот пат кон ЕУ и за остварување на нашата цел да станеме дел од европското семејство, наведува МВР. мч/са/

фото: МВР 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан