• понеделник, 22 јули 2024

Средба на директорот на КОВЗ Сотировски со Ал Анезиј, заменик-министер за исламски прашања на Саудиска Арабија

Средба на директорот на КОВЗ Сотировски со Ал Анезиј, заменик-министер за исламски прашања на Саудиска Арабија

Скопје, 22 јули 2024 (МИА) -  Директорот на Комисијата за односи со верските зедници, Даријан Сотировски, денеска имал средба со Авад бин Себлиј Ал Анезиј, заменик министер за исламски прашања на Саудиска Арабија, на која присуствувал и поглаварот на Исламската верска заедница во земјава, Шаќир еф. Фетаи.

Како што информира Комисијата, на средбата се разговарало за продлабочување на соработката со Исламската верска заедница и со институциите на државата, „во насока на подобро запознавање и искористување на широките можности кои ги нудат современите културни,  економски и образовни практики“.

-Заменик-министерот Ал Анезиј го изрази задоволството од посветеноста на македонските институции и верски заедници да создадат стабилна општествена кохезија и најави дека неговата посета е увертира во идниот период на почеста и подлабока соработка.  Директорот Сотировски упати на посветеноста на македонската држава да гради внатршна хармонија, што секако е условено од бројни предизвици, но и да биде во отворена соработка со сите суверени држави со кои гледа заемен интерес кај граѓаните на двете држави  за одржлив развој и благосостојба, се наведува во соопштението. хс/дма/

Фото: Комисија за односи со верските зедници 

 

Остани поврзан