Средба на гувернерот Славески со претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел
- Во рамките на 95-тото генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) во Базел, Швајцарија, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, се сретна со претседателот на Федералните резерви на САД (ФЕД), Џером Пауел.
Скопје, 30 јуни 2025 (МИА) - Во рамките на 95-тото генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) во Базел, Швајцарија, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, се сретна со претседателот на Федералните резерви на САД (ФЕД), Џером Пауел.
На средбата, како што се наведува во соопштението од Народна банка, била истакната важноста на зачувувањето на независноста на централните банки како основа за ефикасна монетарна политика, насочена кон ценовната и финансиската стабилност.
Славески и Пауел размениле мислења за светските предизвици и за потребата од соработка помеѓу централните банки.
Гувернерот Славески ја нагласил важноста на постојаната комуникација со водечките монетарни институции и на размената на искуства како значаен придонес за стабилен и отпорен финансиски систем. дма/са/
Фото: Народна банка