• петок, 22 ноември 2024

Средба на градоначалникот Пецаков со словачкиот амбасадор Маркуш

Средба на градоначалникот Пецаков со словачкиот амбасадор Маркуш
Охрид, 6 октомври 2022 (МИА) - Продолжување на манифестацијата „По патеките на Светите Кирил и Методиј“ било во фокусот на денешната средба во Охрид, на градоначалникот Кирил Пецаков со амбасадорот на Словачка во Македонија, Хенрик Маркуш. На средбата, како што соопшти општинската прес-служба присуствувал Стојан Лекоски, иницијатор на проектот, кој ја презентирал програмата на манифестацијата за следната година. - Програмата содржи изложби, концерти, промоции..., а се очекува во наредниот период да бидат прецизирани сите детали за учеството на Општина Охрид во манифестацијата, стои во информацијата. Манифестацијата „По патеките на Светите Кирил и Методиј“ беше во прекин поради Ковид кризата. сс/ев/

Остани поврзан