• недела, 22 декември 2024

Средба на генералната секретарка Димовска со претставници на НДИ

Средба на генералната секретарка Димовска со претставници на НДИ

Скопје, 30 август 2024

Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, денеска оствари работна средба со претставници на Националниот демократски институт - НДИ.

На средбата се разговараше на повеќе актуелни теми, како и за продолжување на соработката за организација на неколку настани кои се во насока на промоција на отвореноста на Собранието и вклученост на граѓаните во демократските процеси.

Претставниците на НДИ информираа за активностите поврзани со настани кои ќе се реализираат во соработка со Собранието, пред сѐ во промовирање на отвореноста и доближување на Собранието до младите. 

Генералната секретарка Димовска искажа подготвеност за интензивирање на соработката за реализација на договорените настани со цел успешна реализација на истите, што би резултирале со поголема транспарентност на Собранието и процесите кои се одвиваат во него.

Собрание на РСМ

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото Собрание на РСМ 

 

Остани поврзан