• недела, 22 декември 2024

Средба на Гаши со Коњуфца: Одлична меѓусебна соработка со Косово, евроинтегративната цел е заедничка

Средба на Гаши со Коњуфца: Одлична меѓусебна соработка со Косово, евроинтегративната цел е заедничка

Скопје, 20 јуни 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска оствари средба со својот колега од Собранието на Република Косово, Гљаук Коњуфца, на која констатираше дека двете земји имаат одлична меѓусебна соработка и важно е оваа тенденција на добри односи да се задржи и продлабочи во наредниот период.

Како што соопштија од Собранието, на средбата било посочено дека со оглед на тоа што нема меѓусебни политички нерешени прашања меѓу двете земји, фокусот треба да се стави на инфраструктурни проекти, зајакнување на економската и трговска соработка, како и соработка во областа на образованието, културата и здравството, сè со цел олеснета комуникација и уште поголемо зближување на народите.

Посакувајќи му добредојде на Коњуфца, Гаши констатирал дека двете земји имаат одлична меѓусебна соработка, уште од времето кога земјава ја призна независноста на Косово. Коњуфца изразил задоволство од членството на нашата земја во НАТО и посака што поскоро зачленување во Европската Унија. 

-Од своја страна, Коњуфца му ја честиташе новата позиција на Гаши, како претседател на законодавниот дом, по успешните избори, кои беа тест за демократијата, сериозноста и зрелоста на државата. Во нашата земја Косово гледа добар партнер и коректен сосед од кого добива континуирана поддршка низ годините, се вели во соопштението на Собранието.

Двајцата соговорници се согласиле дека евроинтегративната цел е заедничка, двете држави делат иста рамка на вредности и ориентации. бт/дма/

Фото: Собрание на Северна Македонија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан