• недела, 22 декември 2024

Средба на вицепремиерот Фетаи со раководителката на канцеларијата на UN Women во Скопје, Весна Ивановиќ Кастареде

Средба на вицепремиерот Фетаи со раководителката на канцеларијата на UN Women во Скопје, Весна Ивановиќ Кастареде

Скопје, 11 ноември 2024 (MIA) - Заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи денеска остварил средба со раководителката на канцеларијата на UN Women во Скопје, Весна Ивановиќ Кастареде.

Како што информираат од неговиот кабинет, Kастареде информирала за досегашните активности на UN Women со посебен фокус како корупцијата различно влијае врз жените.

Фетаи се заблагодарил на досегашната работа на UN Women во Скопје, која, како што се посочува, помага за постигнување на заедничките цели.

Вицепремиерот ги информирал гостите за идните приоритети на кабинетот, како што е борбата против корупцијата, стратешкиот план за добро владеење со инкорпорирана родова компонента, зајакнување на транспаретноста на институциите и подобрување на соработката со цивилното општество.

Двајцата соговорници разговарале и за можна соработка во иднина. UN Women ветила продолжување на поддршката за исполнување на националните заложби за еднаквост меѓу жените и мажите, како дел од соработката за усогласување со европските стандарди и EU Gender Acquis. фф/дма/

Фото: Кабинет на Арбен Фетаи

Остани поврзан