• понеделник, 23 декември 2024

Средба Муцунски - Сибиха: Потврдена недвосмислената поддршка за Украина

Средба Муцунски - Сибиха: Потврдена недвосмислената поддршка за Украина

Скопје, 26 септември 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, на маргините на 79-то Генерално Собрание на ОН во Њујорк, соопшти МНРНТ.

-На средбата помеѓу МНРНТ Муцунски и МНР Сибиха беше реафирмирана македонската поддршката кон Украина, посочувајќи дека Македонија ќе продолжи да ја поддржува Украина на патот кон зачувување на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет. Министерот Муцунски истакна дека недвосмислената поддршката кон Формулата за мир, Меѓународните коалиции за основање на трибунал за злосторство, агресија против Украина и за враќање на присилно раселените деца, продолжува и понатаму, како и кон останатите иницијативи и формати за обезбедување на практична помош за Украина, се наведува во соопштението.

На средбата, се посочува, станало збор и за билатералните односи, кои соговорниците ги оценија како одлични и позитивни, а беше изразено и задоволство од одличната соработка на мултилатерален план. вг/aa/

Фото: МНРНТ

Остани поврзан