• недела, 22 декември 2024

Средба Муртезани - Дуџаку

Средба Муртезани - Дуџаку

Скопје, 4 јули 2024 (МИА) - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска оствари средба со постојаниот координатор на Обединетите нации во Северна Македонија Росана Дуџаку, а во фокусот на дискусијата беше статусот на евронтегративните процеси на Северна Македонија, како и активностите на ОН агенциите во Северна Македонија и можностите за унапредување и продлабочување на соработката во насока на поддршка на реформските приоритети на земјата.

Како што се наведува во соопштението од Министерството, Муртезани се осврнал на одличната соработка со агенциите на ОН, пред се, интензивната соработка со УНОПС во спроведувањето на Нордиската иницијатива, со УНДП кои се активни во спроведување на голем број значајни иницијативи и проекти во Северна Македонија.

Министерот Муртезани и Постојаниот координатор на Обединетите нации Дуџаку се заложиле за продолжување и продлабочување на партнерската соработка во периодот што претстои. ев/аа/

ФОТО: Министертво за европски прашања 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан