• среда, 04 март 2026

Средба Мицкоски - Руте, реафирмирана определбата за активен придонес кон регионалната и глобалната безбедност

Средба Мицкоски - Руте, реафирмирана определбата за активен придонес кон регионалната и глобалната безбедност

Скопје, 4 март 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски на средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја реафирмирал, како што објави, цврстата определба за понатамошно јакнење на соработката со НАТО и активен придонес кон регионалната и глобалната безбедност.

- Во духот на сојузништвото и заедничките вредности, разговаравме за актуелните безбедносни предизвици, улогата на Алијансата во зачувувањето на стабилноста и мирот, како и за придонесот на нашата држава во рамки на колективната одбрана, вели Мицкоски во објава на Фејсбук по вчерашната средба.

Премиерот Мицкоски оценува дека средбата претставува потврда за силното партнерство и заемната доверба, како и за нашата решеност да продолжиме да делуваме како кредибилен и одговорен сојузник во рамките на НАТО. лв/паг/

Фото: Фејсбук на премиерот Мицкоски 

Остани поврзан