• петок, 05 декември 2025

Средба Минчев - Григоријан, постојан претставник на УНДП: Унапредување на платформата за учење во јавната администрација

Средба Минчев - Григоријан, постојан претставник на УНДП: Унапредување на платформата за учење во јавната администрација

Скопје, 20 јуни 2025 година (МИА) - Министерот за јавна администрација, Горан Минчев денеска остварил средба со Армен Григоријан, постојан претставник на УНДП и со претставници од Одделот за инклузивен просперитет. 

Како што соопштија од Министерството за јавна администрација, средбата била посветена на тековниот статус и напредок на платформата за управување со учење (LMS), како и на функциите кои ги нуди системот.

- На состанокот беа презентирани предностите кои беа остварени преку ангажманот на УНДП во развојот на платформата, а се истакна и подготвеноста за континуирана поддршка на Министерството за понатамошен развој и унапредување на системот. Целта е да се обезбеди долгорочен и ефикасен систем за обука на административните службеници и да се придонесе за поголема инклузивност и професионален развој во јавната администрација, се наведува во соопштението.

Министерот Минчев изразил благодарност за соработката со УНДП и нагласил дека Министерството за јавна администрација продолжува да работи на модернизација и унапредување на капацитетите на јавните институции, особено во делот на образованието и обуката на државните службеници.
 
Средбата, се додава во соопштението, беше значајна за дефинирање на следните чекори и новите можности за подобрување на ефективноста на системот за учење во јавниот сектор. цр/вј/

Фото: Министерство за јавна администрација

Остани поврзан