• четврток, 19 март 2026

Средба Бендевска - Дрекслер: ИПС-стипендистите како мост на парламентарна соработка

Средба Бендевска - Дрекслер: ИПС-стипендистите како мост на парламентарна соработка

Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - Потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, денеска имаше средба со Петра Дреклсер, амбасадорка на Сојузна Република Германија, како и со Арбнора Ќаили и Тијана Јанковска, стипендисти на Меѓународната парламентарна стипендија (ИПС) на германскиот Бундестаг за 2026.

Како што се наведува во соопштението од собраниската прес-служба, Бендевска им честитала на стипендистите за нивниот избор и истакнала дека тоа е изворна можност тие да се запознаат со политичкиот и академскиот живот на Германија и стекнатото искуство да го пренесат во земјата, како и да служат како мост на поврзување меѓу двата парламента.

- Таа истакна дека Собранието како институција во континуитет посветено работи на унапредување и промовирање на оваа програма за сите млади луѓе од нашата земја, кои се заинтересирани за стажирање кај германски пратеник во Бундестагот на Сојузна Република Германија. Собранието пред заминувањето на стипендиските во Германија им овозможува повеќедневен престој во нашата институција, чија главна цел е нивно поблиско запознавање со начинот на функционирање на Собранието - се наведува во соопштението.

Амбасадорката Дреклсер истакнала дека Германија посветува големо внимание на оваа програма особено за млади луѓе од земјите од Западен Балкан со цел стипендистите да имаат можност да се запознаат со работата на Бундестагот и политичките услови во земјата. Програмата ИПС овозможува петмесечна пракса кај еден пратеник на германскиот Бундестаг.

Практикантите Арбнора Ќаили и Тијана Јанковска се заблагодарија на целата поддршка што ја добиваат од сите страни за реализација на оваа програма и очекуваат таа да им донесе професионален и личен развој, кои ќе го пренесат во нашата земја по нивното враќање.

ИПС е традиционална активност на германскиот Бундестаг, кој заедно со Техничкиот универзитет, Слободниот универзитет и Универзитетот „Хумболт“ од Берлин дава можност на млади луѓе со завршено универзитетско образование да се запознаат со парламентарниот систем на Германија.

Досега преку Собранието на Република Северна Македонија, од 2001 година, заклучно со програмата за 2025 година, имам вкупно 64 стипендисти, кои учествувале во оваа програма. ев/дма/

Фото: Собрание 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан