Сребро за Дејан Георгиевски
- Македонскиот олимписки вицешампион Дејан Георгиевски силниот турнир Г1 во Романија го заврши со освоено второ место
Букурешт, 26.октомври 2025 (МИА) – Македонскиот олимписки вицешампион Дејан Георгиевски силниот турнир Г1 во Романија го заврши со освоено второ место. Тој на овој турнир успеа да стигне до потребни бодови кои у се потребни за норма за ЛОИ во Лос Анџелес 2028 година.
Во првото коло Георгиевски беше слободен, додека во четвртфиналето оствари победа над Унгарецот Марсел Хотак, а потоа во полуфиналето го совлада и Тудор Карагеа од Романија. Во финалето поуспешен од Георгиевски беше репрезентативецот на Турција, Хусеин Демирчиоглу.
Дејан Георгиевски на турнирот беше под водство на помошник селекторот Викторија Спасовска. мн/
Фото: Фејсбук ТФМ