• среда, 20 ноември 2024

СП2022: Германија загуби важен спонзор поради прифаќањето на забраната на ФИФА за капитенските ленти

СП2022: Германија загуби важен спонзор поради прифаќањето на забраната на ФИФА за капитенските ленти

Берлин, 22 ноември 2022 (МИА) – Големиот германски синџир на супермаркети REWE одлучи да ја прекине соработката со Фудбалската федерација на Германија (DFB), поради прифаќањето на забраната од ФИФА за носење капитенски ленти на Светското првенство во Катар во боите на виножито.

Германската компанија, како што порача нејзиниот директор Лионел Суке, се дистанцира од одлуката на ФИФА да им забрани на фудбалерите да носат капитенски ленти со натписот „Една љубов“.

- Ние се залагаме за диверзитет, а и фудбалот е диверзитет. Ставот на ФИФА е скандалозен за мене како директор на една шаренолика компанија и како навивач. Целосно неприфатлива, рече Суке.

Германија беше една од седумте европски репрезентации кои најавија дека нивните капитени ќе носат лента со натписот „Една љубов“, но се повлече од намерата по заканите од ФИФА за санкции со жолти картони за играчите. ег/

Остани поврзан