СП 2026: Англија избори четвртфинале со триумфот над Мексико
- Репрезентацијата на Англија успеа да се пласира во четврфтиналето на Мундијалот откако ноќеска го совлада Мексико, еден од домаќините со 3:2
Мексико Сити, 6.јули 2026 (МИА) – Репрезентацијата на Англија успеа да се пласира во четврфтиналето на Мундијалот откако ноќеска го совлада Мексико, еден од домаќините со 3:2. На тој начин Англичаните се изборија за европско четвртфинале против Норвешка.
Англија поведе со 2:0 со двата „брзи“ гола на Џуд Белингем, кој погоди во 36.минута и во 38.минута. Сепак неизвесноста ја врати Жулиан Куинонеш со голот во 42.минута кога намали на 1:2.
Од 54.минута Англичаните играа со играч помлаку откако Џарел Кванса доби црвен картон, но капитенот Хари Кејн реализираше пенал во 60.минута за предност од 3:1. Пенал имаше и за Мексико, а стрелец беше Раул Хименез во 69.минута. До крајот на дуелот немаше промена на резултатот.
Почетокот на натпреварот беше одложен поради грмотевици и пред се за безбедност на навивачите.
Четвртфиналето против Норвешка, Англија ќе го игра на 11.јули во Мајами со почеток во 23 часот по македонско време. мн/
Фото: ЕПА