• вторник, 15 септември 2026

Реал Мадрид се поблиску до потпис со младиот напаѓач

Реал Мадрид се поблиску до потпис со младиот напаѓач

Мадрид, 5.август 2026 (МИА) – Според последните информации од шпанските медиуми Ред Бул Лајпциг и Реал Мадрид се блиску до потпишување на договор за репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска, Јан Диоманде. 19-годишниот фудбалер на почетокот на преодниот рок беше поврзуван со трансфер во Ливерпул или ПСЖ, но по завршувањето на Светското првенство Реал Мадрид е во преден план.

Вкупната вредност на трансферот заедно со бонусите би требало да изнесува меѓу 130 и 140 милиони евра.

Минатата сезона играчот на 36 натпревари постигна 13 голови и имаше 10 асистенции, а според трансфермаркт неговата вредност се проценува на 90 милиони евра. мн/

Фото: ЕПА