• понеделник, 23 декември 2024

СП во ракомет: Македонски јуниорки поразени од Германија, ќе разигруваат за 11. место

СП во ракомет: Македонски јуниорки поразени од Германија, ќе разигруваат за 11. место
Скопје, 7 август 2022 (МИА) – Македонската женска ракометна репрезентација до 18 години го претрпе вториот пораз на Светското јуниорско првенство кое се одржува во Скопје, откако попладнево загуби од Германија со 34-21 во разигрувањето за пласман од 9 до 12 место. По поразот од Исланд кој ги остави без пласман во четвртфиналето, избраничките на селекторот Љупчо Савевски немаа сили да се вратат на победничките патеки и доживеаја висок пораз. Во завршниот натпревар на Мундијалот во Скопје противник на македонските ракометарки утре ќе биде Хрватска, а победникот ќе се пласира на 11 место. ег/са/

Остани поврзан