• петок, 07 јуни 2024

Спречен шверц на поголема количина производи за широка потрошувачка од Косово кон Северна Македонија

Спречен шверц на поголема количина производи за широка потрошувачка од Косово кон Северна Македонија

Скопје, 30 мај 2024 (МИА) - Кај место викано „Тракаљачко маало“ во атар на скопското село Танушевци, вчера во 08.00 часот полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје и од Полициската станица за граничен надзор Танушевци при Регионалниот центар за гранични работи Север, по претходно добиени сознанија и во соработка со косовската гранична полиција, спречиле криумчарење на производи за широка потрошувачка од Косово кон Република Северна Македонија.

Како што денеска соопштија од МВР, полициските службеници затекнале две товарни возила, по што возачите го напуштиле местото.

- При преглед на товарното возило „фолксваген“ со шведски национални ознаки била пронајдена поголема количина производи за широка потрошувачка, додека за товарното возило „мерцедес“ без регистарски ознаки било констатирано дека е празно, се наведува во соопштението.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, за настанот бил известен јавен обвинител, а производите биле однесени во Полициската станица за граничен надзор Танушевци за понатамошна постапка. цр/нд/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан