• сабота, 18 мај 2024

Спречен шверц на марихуана од албанска на македонска територија со рибарски чамец преку Охридско Езеро

Спречен шверц на марихуана од албанска на македонска територија со рибарски чамец преку Охридско Езеро

Тирана, 13 август 2023 (МИА) - Припадници на полицискиот комесаријат од албанскиот град Корча спречиле шверц на марихуана со рибарски чамец, од Албанија во Северна Македонија преку Охридското Езеро.

Уапсени се четири лица,  браќата А.Т.(51) и А.Т.(43) жители на селото Пискупат, како и Р.С.(45) и Т.Б.(53) жители на Лин.

- Според сознанијата од едномесечната истрага, делувале како група, а марихуаната, пред да ја транспортираат во Северна Македонија, ја складирле во близина на мрестилиштето за коран, во Подградец, каде биле вработени двајца од уапсените. Потоа со рибарски чамец ја транспортирале преку езерото на македонска територија, стои во полициското соопштение.

Во акцијата „Рестарт 15" запленети се 26 килограми марихуана, рибарски чамец, две патнички моторни возила и четири мобилни телефони.

За транспорт на дрогата наплатувале по 500 евра по килограм.

Ова е последователна, петнаесетта по ред, успешна акција на полицијата во рамки на операцијата „Рестарт", во спречување шверц на марихуана од албанска на македонска територија преку Охридското Езеро.

Според полицијата, во соработка со македонската полиција, се работи на откривање и изведување пред лицето на правдата на останатите лица вклучени во оваа нелегална активност. вт/цр

Фото: полиција Корча

Остани поврзан