• петок, 22 ноември 2024

Спречен обид за криумчарење мигранти, приведени две лица од Велес

Спречен обид за криумчарење мигранти, приведени две лица од Велес
Скопје, 19 јуни 2022 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ вчера во 21:00 часот на автопатот Гевгелија –Скопје, на наплатната станица Смоквица, ги лишиле од слобода Д.С.(20) и М.И.(36), двајцата од Велес. Како што информира МВР, при преглед во товарно возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Д.С., а сопатник бил М.И., биле пронајдени 26 лица илегални мигранти од Сирија. Тие биле приведени во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во Транзитниот центар „Винојуг “ во Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.вј/бак/

Остани поврзан