• понеделник, 30 декември 2024
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Споменик на Фергусон пред стадионот на Абердин

Споменик на Фергусон пред стадионот на Абердин
Абердин, 30 јули 2021 (МИА) – Легендарниот шкотски фудбалски тренер сер Алекс Фергусон ќе добие споменик пред стадионот „Питодри“ како признание за неговиот успех со екипата на Абердин во текот на 80-те години од минатиот век. Фергусон го предводеше Абердин од 1978 до 1986 година, пред да се пресели на клупата на Манчестер Јунајтед. Со Абердин освои три шампионски и четири куп титули во шкотскиот фудбал, а триумфираше и во Купот на победниците на куповите на УЕФА. Фергусон по преселбата во Манчестер освои со „црвените ѓаволи“ 38 трофеи. - Воодушевен сум и почестен со ова признание. Во Абердин минав фантастичен и незаборавен дел од мојата тренерска кариера, изјави 79-годишниот Фергусон за официјалниот сајт на Абердин. ег/

Остани поврзан