• четврток, 21 ноември 2024

СПМ: Шефовите на источниот и јужниот сосед на Македонија настапуваат оркестрирано со империјални барања против интересите на македонскиот народ

СПМ: Шефовите на источниот и јужниот сосед на Македонија настапуваат оркестрирано со империјални барања против интересите на македонскиот народ

Скопје, 5 јули 2024

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека шефовите на источниот и јужниот сосед на Македонија настапуваат оркестрирано со империјални барања против интересите на македонскиот народ.

Со нивните изјави повторно ги покажуваат националшовинистичките стремежи од 19 век непочитувајќи ја реалноста и постоењето на Македонскиот народ и држава како самостојна, суверена и независна држава етаблирана во меѓународните системи и организации.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека е потребно да се постапува според меѓународното право и да не се дозволува мешање во внатрешните работи на државата од било кого, особено не од исток, ниту од југ.
Потребно е да се иницира постапка за преиспитување и репреговарање до раскинување на асиметричниот договор со наводно добриот сосед, односно на протоколите и пропратните документи кои менуваат и дополнуваат на штета на Македонија.

Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека со иницијативна надворешна политика и со дејствување во духот на демократска и рамноправна позиција на државите можно е да се отстранат последиците кои ги направија домашните предавници кои ги променија името и идентитетските обележја на Македонија. 

Народот не ги препозна овие договори како основ за меѓусебно помирување и градење на стабилност во регионот и на избори побара промени за рамноправни односи и соработка.

 

Социјалистичка партија на Македонија 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан