• четврток, 26 март 2026

СПМ: Предложената резолуција на СДС неуспешен обид да се сокрие вината за прекинот на преговорите

СПМ: Предложената резолуција на СДС неуспешен обид да се сокрие вината за прекинот на преговорите

Скопје, 27 септември 2025 

Социјалистичката партија на Македонија предложената резолуција на СДС за дефинирање на заедничките државни и национални позиции ја смета како неуспешен обид да се сокрие вината за прекинот на преговорите и за предавството кое оваа политичка партија го направи. Со предложениот текст СДС ја прифаќа империјалната политика на Бугарија кон Македонија, и бара да легитимност за нелегитимните одлуки за кои бившата власт на СДС и ДУИ немаше мандат да преговара, ги договори и ги потпиша актите спротивно на интересите на државата и македонскиот народ, стои во соопштението на Социјалистичката партија, што МИА го пренесува интегрално. 

СПМ не ги прифаќа штетните договори, протоколи и записници.

Со барањето да се смени Уставот и да се прифати Преговарачката рамка СДС прави привид и нова стапица против Македонија.

Преговарачката рамка е спротивна на интересите на Македонија и ги брани интересите на Бугарија која ја негира нацијата, јазикот, културата. Во рамката се внесени бугарските барања кои во текстот на резолуцијата никаде не се споменуваат. Во текстот на СДС не се нуди решение за евентуална примена на уставни измени со одложено дејство, туку се бара сега и веднаш да се продолжи со предавничката политика.

Затоа оваа резолуција не може да биде обединувачки фактор за градење на меѓуапртиски консензус затоа што прифаќањето на предлозите на СДС значат соучесништво во предавството. 

СДС не споменува и не бара никакви гаранции од ЕУ и државите членки дека нема да има нови непринципиелни барања кои ќе треба да ги исполни Македонија, а се надвор од критериумите од Копенхаген. Очекувањето поддршка од државите од ЕУ не е во скад со реалноста со оглед на блокадите и на отпорот кај дел од државите кои се против процесот на проширување на ЕУ.

Со резолуцијата се отвара простор за нови и нови барања од Бугарија со оглед на нивните јавно декларирани ставови за негација на македонизмот и за продолжување на 150 годишната асимилаторска политика кон Македонија.

Временската рамка која е приложена кон текстот е само обид за вршење на притисок врз институциите на системот, врз Собранието, Владата и граѓаните за да се добие впечаток дека токму СДС е тој фактор што бара брзи решенија за продолжување на ЕУ интеграциите.

Сега истите тие што ги закочија процесот со предавнички протоколи и неприфатливи барања што ги потпишаа, прават обид да се покажат како конструктивни и креативни и водачи на процесот. 

Временската рамка што се предлага за уставните измени не ги почитува деловничките одредби на иституциите кои се споменуваат и излегува надвор од нивните компенетции и утврдени процедури.

Оценка е дека овој обид на СДС на наметнување на политички решенија е несериозен и неуспешен начин на правење предизборна магла и привид кај граѓаните.

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека предложениот текст од СДС наречен резолуција треба да се отфрли и да се бара извинување од предлагачот за предавничката политика која има долгорочни сериозни последици за државата и народот во Македонија.

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан