• понеделник, 04 ноември 2024

Спајиќ во вторник ги почнува разговорите за формирање на новата 44. црногорска Влада

Спајиќ во вторник ги почнува разговорите за формирање на новата 44. црногорска Влада

Подгорица, 13 август 2023 (МИА) – Мандатарот за состав на новата Влада на Црна Гора, Милојко Спајиќ, од вторник ќе ги почне разговорите со лидерите на политичките субјекти кои треба да бидат нејзин дел, соопштија за порталот РТЦГ од движењето Европа сега.

Првата средба Спајиќ ќе ја има  со претставниците на политичките партии кои му дадоа поддршка да биде мандатар на консултациите со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

Потоа, мандатарот ќе разговара и со претставниците на политичките партии со кои разговарал пред да го добие мандатот.

Порталот РТЦГ наведува дека станува збор за претставници на коалицијата „За иднината на Црна Гора“, а на средбата треба да присуствува и лидерот на Демократска Црна Гора, Алекса Бечиќ.

Милатовиќ на 10 август пред Собранието на Црна Гора го предложи лидерот на Движењето Европа сега, Милојко Спајиќ за мандатар на 44-та црногорска Влада.

Од тој момент на Спајиќ почна да му тече 90-дневниот ток за составување предлог на новата влада.

За тоа време, неопходно е да се одржи продолжението на конститутивната седница на Парламентот на Црна Гора, на која ќе се избираат претседател, потпретседатели и Административен одбор. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан