• сабота, 18 мај 2024

Спасувачка акција по превртен чамец во близина на грчкиот остров Самос

Спасувачка акција по превртен чамец во близина на грчкиот остров Самос
Атина, 31 октомври 2022 (МИА) – Четири лица се спасени, а во тек е акција на крајбрежната служба на Грција во морскиот дел јужно од грчкиот остров Самос за пронаоѓање на уште осум мигранти, откако се превртел чамецот со кој се пренесувале, јави дописничката на МИА од Атина. Акцијата, според крајбрежната служба, започнала откако биле информирани од рибарски чамец дека пронашла две лица во конкретниот морски дел. Двајцата спасени биле пренесени во општата болница на Самос, а изјавиле дека во чамецот што се превртил имало уште десет лица. Дополнително, бродот на Фронтекс пронашол и спасил уште двајца мигранти кои исто така ќе бидат пренесени во болница. Во потрагата што е во тек, вклучени се три патролни бродови на крајбрежната служба, еден брод и еден авион на Фронтекс, хеликоптер Супер пума на военото воздухопловство, како и бродови што се наоѓаат во близина. ср/

Остани поврзан