• недела, 22 декември 2024

Спасовски: Здравствените работници да ја носат заштитната опрема, донаторите да се насочат кон потребите на здравствениот систем

Спасовски: Здравствените работници да ја носат заштитната опрема, донаторите да се насочат кон потребите на здравствениот систем
Скопје, 4 април 2020 (МИА) - Сите здравствени работници да ја носат опремата, да се заштитат себеси и сите околу себе. Државниот санитарен и здравствен инспекторат ги интензивира контролите за почитување на мерките од страна на здравствени работници, апелира премиерот Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил на кој наведува дека на Главниот координативен кризен штаб денеска, меѓу другото, е разговарано за заштитата на медицинските работници и за обезбедувањето услови за нивна максимална заштита.
-Нашите здравствени работници деноноќно работат на заштита на нашите граѓани. Тие се на првата линија во борбата со коронавирусот. Нивната заштита е приоритет. Министерството за здравство од почетокот на кризата воведе протоколи за заштита за здравствените работници, тоа се протоколите за заштита во 3 степени со детални објаснувања до сите јавни здравствени установи во земјата, и истите знаат дека мора да постапуваат по нив, пишува Спасовски. Им препорачува на сите донатори своите донации да ги пренасочат за потребите на здравствениот систем и здравствените работници кои деноноќно посветено работат на заштита и лекување на нашите граѓани. -Ова е и повик до сите наши граѓани: Како никогаш досега е потребна помошта од нас за сите здравствени работници. Да им помогнеме за да бидат во состојба да ни помогнат нам со почитување на мерките и препораките што доаѓаат токму од нив, наведува Спасовски во објавата на Фејсбук.скс/рп/

Остани поврзан