• вторник, 24 декември 2024

Спасовски: Четириесет и пет години високо образование за безбедност, со научни резултати до одговор на предизвиците

Спасовски: Четириесет и пет години високо образование за безбедност, со научни резултати до одговор на предизвиците
Скопје, 26 септември 2022 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Струга ја отвори 13-тата Меѓународна годишна  конференција на Факултетот за безбедност – Скопје, која оваа година е во чест на 45- години високо образование во областа на безбедноста и постоење на Факултетот за безбедност, на тема која се занимава со образовните предизвици и перспективите за безбедноста.- Четири и пол децении егзистирање на оваа високообразовна институција, од оваа дистанца, барем за мене, значат: голем самопрегор, истрајност, научно љубопитство, истражувачка дејност и, секако, воспитување и образување на генерации и генерации академски граѓани. Но ваквиот курикулум, сепак, не би бил целосен доколку не се споменат мноштвото научни и стручни трудови од областа на безбедноста или, пак, активната експертска партиципација во многуте нормативни и практични решенија според кои денес функционира  институционалниот дел на системот што ја третира проблематиката на безбедноста, истакна министерот Спасовски во своето обраќање.Тој  како посебно важен го истакна податокот дека во изминатите 12 години, на конференцијата присуствувале повеќе од 850 професори, истражувачи и практичари од сите континенти во светот, од повеќе од 40 различни држави, а објавени се повеќе од 1000 научни трудови, додека само оваа година се објавени 45 научни трудови од автори од 12 земји.
-Неспорно е дека науката е мотор на практиката, стожер без чиишто научни докази и достигнувања е невозможен каков било прогрес. Безбедносната сфера, пак, по својата општествена, цивилизациска, па ако сакате и техничка интерактивност, претставува посебен научен предизвик. Специфичноста и неспорната динамичност на овој сегмент, кои се тесно поврзани со севкупниот брз општествен развој, произведуваат нови прашања и дилеми. Не само од аспект на проценка и превенција на безбедносните ризици, туку и од аспект на организациското и нормативно устројство, техничката и едукативната поставеност, соработката и координацијата, како институционална, така и регионална и глобална, во спротивставувањето кон безбедносните предизвици, рече Спасовски, додавајќи дека одлуките што не се базирани врз стручните експертизи, по правило се лоши одлуки, а времето тоа секогаш го докажува.Министерот го истакна фактот што на годинешната конференција се присутни научни работници и истражувачи од повеќе од 20 земји, кои низ мноштвото добри практики и искуства ќе придонесат за доаѓање до заеднички одговори на заедничките безбедносни предизвици, а научните резултати и заклучоци до кои ќе дојде конференцијата ќе бидат разгледани со должно внимание од страна на МВР, со цел нивна имплементација во секојдневното полициско работење.  Тој, како посебен доказ за партнерството на Министерството и Факултетот за безбедност, покрај континуираната соработка на голем број проекти, го истакна и возобновувањето, по прекин од повеќе од две децении, на меѓународното научно списание на МВР - „Безбедност“, во кое се објавуваат истражувачки трудови преку кои научно се насочуваат плановите и приоритетите за работа на полициската служба во државата.ир/са/

Остани поврзан