• понеделник, 23 декември 2024

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна од 30.000 денари, двојна победа за европски живот во Македонија

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна од 30.000 денари, двојна победа за европски живот во Македонија

7 април 2024

Носителот на листа на кандидати за пратеници од СДСМ и Kоалицијата за европска иднина во изборна единица 2, Оливер Спасовски, денеска се сретна со група пензионери во кино Маџари.

„Денеска сум во Маџари со сограѓаните пензионери, разговараме за европската иднина на државата која заедно ја изградивме. Се грижиме за тие што се грижеа за нас и за државата. 

Со меѓугенерациска солидарност до европски пензии и двојна победа на 8 мај за европски живот во Македонија!”, истакна Спасовски во своето обраќање пред пензионерите.

„Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари! Во текот на грејната сезона, во периодот од октомври до март, воведуваме енергетски додаток за пензионерите од 1.500 денари”, најави Спасовски, потсетувајќи дека изминатиот период пензионерите беа вклучени во антикризните пакети за време на енергетската криза.

„Впрочем и антикризните мерки изминатиов период помогнаа на голем број пензионери со ниско примања.  А, за оние со најниски пензии ќе обезбедиме посебна картичка „Се грижиме за сите“, со која ќе добиваат попуст до 30 отсто”, рече Спасовски. 

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан