• петок, 27 декември 2024

Спасовски: Маршираме за родова еднаквост и праведно општество

Спасовски: Маршираме за родова еднаквост и праведно општество
Скопје, 5 март 2023 (МИА) - СДСМ за еднакви и моќни жени! Маршираме за родова еднаквост и праведно општество! Бевме упорни и посветени во секојдневното создавање на можности, сѐ до постигнување на целосна правична застапеност и родова еднаквост, напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешното учество на Осмомартовскиот марш во Прилеп што се одржа во организација на Форумот на жени на СДСМ.
 
Наша задача како креатори на политики, како што посочува Спасовски, е да се залагаме за економска и социјална рамноправност, за создавање услови за нашите мајки, сопруги и ќерки, за нашите колешки и соработнички полесно да се справуваат со дискриминацијата, насилството и сиромаштијата.
 
-Само со колективна акција ќе имаме инклузивно и солидарно општество, потенцира Спасовски. дма/сст/
 
Фото:  Фејсбук 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан