• понеделник, 23 декември 2024

Спасовски: За неколку дена ќе го имаме идентитетот на лицето кое го вееше знамето на „Голема Албанија“

Спасовски: За неколку дена ќе го имаме идентитетот на лицето кое го вееше знамето на „Голема Албанија“

Скопје, 1 септември 2023 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека полицијата има прибрано добри оперативни сознанија во врска со лицето кое го вееше знамето на „Голема Албанија“ во Тетово за време на пречекот на косовскиот премиер, Алнин Курти. Како што посочи, одредени лица веќе се таргетирани и за неколку дена ќе го имаат идентитетот на лицето.

Спасовски потенцираше дека се вршат детални испитувања и кога ќе дојде моментот медиумите ќе ги добијат информациите.

-Имаме прибрано добри оперативни сознанија. Имаме неколку лица кои се таргетирани. Се вршат детални испитувања во овој момент и јас мислам дека за неколку дена веќе ќе го имаме идентитетот на лицето. Кога ќе дојде моментот, ќе ги добиете сите информации. Истрагите не се водат преку медиумите. Тие се водат преку институциите, изјави денеска Спасовски по означувањето на почеток на превентивната кампања на МВР „Кажи НЕ на дрогата,ДА на животот" во СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито", во одговор на новинарско прашање.бт/вг/

Фото/Принтскрин

 

Остани поврзан