• петок, 22 ноември 2024

Спасовски: Во НАТО влеговме како Македонци со македонски идентитет, како Македонци со македонски јазик ќе се интегрираме во ЕУ

Спасовски: Во НАТО влеговме како Македонци со македонски идентитет, како Македонци со македонски јазик ќе се интегрираме во ЕУ
Скопје, 7 јули 2021 (МИА) - Уште во првите денови од мандатот, јасно ги поставивме нашите цели кои за овие четири години во целост ги реализиравме, посочи вечерва потпретседателот Оливер Спасовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ која се одржа во Делчево.
- Го воспоставивме концептот едно општество за сите, и тука не мислиме на тоа кој на која вера или нација припаѓа, туку говориме за подеднаков пристап до институциите, и оние кои живеат во селата и градовите и оние кои се со основно и оние со високо образование, и за младите и за повозрасните, порача Спасовски.
Потпретседателот Спасовски посочи дека токму оваа Влада ја реализираше една од двете стратешки цели а тоа е влезот во НАТО со заштитен македонски јазик и идентитет.
- Денес ние го живееме сонот на нашите претци, живееме во самостојна, слободна и демократска држава. Станавме 30 земја членка на НАТО, дел сме од најмоќниот воено-политички сојуз. Во НАТО влеговме како Македонци, со македонски јазик и со македонски јазик. Да знаете дека сега се мотивирани како никогаш претходно, и покрај сите блокади и удари кои ни ги нанесуваат, како Влада преземаме одговорност, дека ќе ги започнеме преговорите со ЕУ и ќе влеземе во ЕУ како Македонци, со македонски идентитет и со македонски јазик. Од тоа не отстапуваме истакна Спасовски.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
 

Остани поврзан