• петок, 19 јули 2024

Спасени 18 мигранти во близина на грчкиот остров Самос, се трага по четири лица

Спасени 18 мигранти во близина на грчкиот остров Самос, се трага по четири лица

Атина, 23 февруари 2023 (МИА) - Во тек е спасувачка акција на Крајбрежната служба на Грција за пронаоѓање четири исчезнати лица во морскиот дел во близина на грчкиот остров Самос, додека пак спасени се 18 мигранти, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Според истите информации, мигрантите побарале помош преку европскиот број за итни случаи 112, откако чамецот со кој се превезувале се нашол во тешка позиција. ср/паг/
 

Остани поврзан