• петок, 22 ноември 2024

СПАК заплени имот вреден милион евра на поранешен полициски функционер, стекнат од криминални активности

СПАК заплени имот вреден милион евра на поранешен полициски функционер, стекнат од криминални активности

Тирана, 31 јануари 2024 (МИА) - По налог на  Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК,  запленет е имот вреден милион  евра сопственост на поранешен висок полициски функционер, стекнат од криминални активности. Станува збор за  Олтион Бистри, поранешен Началник на албанските полициски оперативни сили, кој е дел од уапсените во досието "Метаморфоза".

„Од спроведените истраги и обезбедените докази во оваа постапка, евидентирано е дека од 2015 до неговото апсење минатата година Бистри и неговите роднини извршиле сомнителни трансакции во врска со продажба и купување на недвижен имот од над 1.130 квадратни метри (станови и деловен простор) во вкупна вредност од милион евра“, се наведува во официјалното соопштение на СПАК.

Уапсените во споменатиот предмет, вклучително и Бистри,  се во притвор.

Неодамна министерот за внатрешни работи Таулант Бала најави " нов начин на третирање на конфискуваните имоти стекнати од криминални активности, кои се проценуваат на десетици милиони евра".

- Во својство на министер за внатрешни работи наредив забрана за продажба на запленети имоти. Сите имоти одземени од криминални субјекти ќе бидат ставени на располагање на невладини организации кои се ангажираат во ублажување и надминување на тешките социјални проблеми, најави тој.

Деновиве заедно со неговиот косовски колега Џељаљ Свечља беа во посета на приморскиот град Валона каде еден конфискуван хотел ќе се користи за обука и рекреација на полициски службеници на двете земји. вт/сд/


Фото: СПАК-сајт/Бала ФБ

Остани поврзан