• петок, 05 декември 2025

Со 2,62 промили алкохол во крвта, жител на Дреново возел на регионалниот пат Кавадарци - Возарци и излетал од патот

Со 2,62 промили алкохол во крвта, жител на Дреново возел на регионалниот пат Кавадарци - Возарци и излетал од патот

Кавадарци, 8 септември 2025 (МИА) - Со 2,62 промили алкохол во крвта, жител на Дреново возел на регионалниот пат Кавадарци - Возарци и излетал од патот.

-Вчера во 16:30 часот на регионалниот пат Кавадарци-село Возарци, кај место викано „Рамниште“, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишиле од слобода В.А., на возраст од 65 години од село Дреново, кавадаречко, кој околу 15:20 часот, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, излетал од патот, соопштија од Секторот за внатрешни работи - Велес.

По преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,62 промили алкохол во крвта.

-Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, истакнаа од СВР - Велес. свд/фф/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан