Со филмот „Совршената дадилка“ почнува Месецот на Франкофонијата
- Кинотеката на Северна Македонија вечер премиеро ќе биде прикажан филмот „Совршената дадилка“, со кој и ќе биде отворен Месецот на Франкофонијата.
Скопје, 4 март 2021 (МИА) - Во Кинотеката на Северна Македонија вечер премиерно ќе биде прикажан филмот „Совршената дадилка“, со кој и ќе биде отворен Месецот на Франкофонијата.
Овој настан е во организација на Францускиот институт во Скопје и Кинотеката на Северна Македонија.
Главните улоги во овој филм ги толкуваат Карин Вијар, Лејла Бекти и Антоан Рајнхард.Филмот е со превод на македонски јазик.
- Се работи за екранизација на истоимениот славен роман на Лејла Слимани, за којшто авторката, во 2016 година, ја доби Гонкуровата награда, а е во режија на Лиси Борлето (2019, 1h40). Еден особено напнат трилер во стилот на Хичкок и Полански, суптилен и динамичен. Филмот совршено ги отсликува стравовите на модерното време“ (критика на магазинот Трансфуж), додека неделникот Ле Поен ќе напише „брилијантен и истовремено застрашувачки“, информираат од Францускиот институт во Скопје.
Пред проекцијата, ќе се одржи промоција на преводот на македонски јазик на истоимениот роман од страна на издавачот „Антолог“, чие издание беше поддржано од страна на Францускиот институт во Париз, во рамките на програмата за поддршка на издавачката дејност во други земји. фф/ев/