• четврток, 14 ноември 2024

Со физичка пресметка, нарушен јавниот ред и мир синоќа во Кавадарци

Со физичка пресметка, нарушен јавниот ред и мир синоќа во Кавадарци

Кавадарци, 14 август 2024 (МИА) - Со физичка пресметка, синоќа бил нарушен јавниот ред и мир во Кавадарци, информираат утрово од Секторот за внатрешни работи - Велес.

Според пријавеното во 21 часот, на улицата „Илинденска“ бил нарушен јавниот ред и мир, со физичка пресметка помеѓу двајца кавадарчани - И.С., на возраст од 45 години и Љ.М., 20-годишно лице.

Како што појаснуваат од СВР - Велес, по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан