• недела, 22 декември 2024

Со слободен влез и бесплатен организиран превоз за навивачите Струмица Никоб против негативата од првиот натпревар со холандскиот шампион

Со слободен влез и бесплатен организиран превоз за навивачите Струмица Никоб против негативата од првиот натпревар со холандскиот шампион
Струмица, 26 септември 2022 (МИА) - Македонскиот одбојкарски шампион, Струмица Никоб, за утрешниот втор натпревар против холандскиот Динамо Драисма Апелдорн со бесплатен превоз за навивачите од Струмица и слободен влез ќе се обиде да ја анулира предноста на Холанѓани од првиот меч од 3:0 во сетови. Како што стои во соопштението од клубот, за сите заинтересирани кои сакаат да ги бодрат струмичани на утрешниот натпревар во Скопје, во салата на СЦ „Јане Сандански“ (19 часот), е организиран бесплатен превоз со тргнување од 16 часот, а за сите љубители на одбојката влезот е слободен. - Почитувани ве покануваме на вториот натпревар од Лигата на шампионите на ЦЕВ. Денот кога треба да покажеме дека неправдата може да се поправи и дека нашата одбојка е на повисоко ниво од прикажаното во Холандија. Ве повикуваме во што поголем број со нашиот организиран превоз да добиеме поддршка и да се избориме за што подобар резултат, стои во објавата на Струмица Никоб. Во првиот натпревар струмичани настапија ослабени без тројцата руски интернационалци, на кои Холандија не им даде виза. - На вториот натпревар ќе сме посилни со играњето на Русите Злобин, Лобурин и Михајлов и се надевам дека со поддршка на публиката ќе може да направиме подвиг и да извојуваме победа од 3:0 или 3:1 и златниот сет да го реши победникот во овој дуел, изјави тенерерот Кирил Ричлиев. Доколку Струмица Никоб ги помине Холанѓаните, тогаш во вториот квалификациски натпревар за пласман во група ќе се се сретне со Бенфика од Португалија. Во спротивно, струмичани се селат во Купот на ЦЕВ, каде противник ќе им биде Мурсија од Осиек, Хрватска. рт/зс/

Остани поврзан