• среда, 25 март 2026

Со Сатирична работилница за деца и стенд ап комедија заврши „Ин Виница веритас 2025“

Со Сатирична работилница за деца и стенд ап комедија  заврши „Ин Виница веритас 2025“

Виница, 30 октомври 2025  (МИА) - Како дел од програмата на овогодишното издание  на Фестивалот на хуморот и сатирата „Ин Виница веритас“, вчера  во ООУ „Гоце Делчев“ во Виница се одржа Сатирична работилница за деца, проект подржан од Министерството за култура и туризам.

Сатиричарот Миле Ѓорѓијоски, автор на првите книги и сликовници со афоризми и епиграми за деца, во текот на работилницата ги едуцираше учениците како збор по збор, со помош на асоцијации, да напишат афоризми и епиграми. Покрај тоа Ѓорѓијоски зборуваше и за начинот на илустрирање на детските афоризми и епиграми.

На овие работилница децата се запознаа и со глаголицата. Токму во книгата „Палави епиграмчиња“ , освен со Македонско кирилично писмо, епиграмчињата се пишувани и со глаголица. 

Од најдобрите илустрации што ќе ги направат учениците ќе се издаде и една сликовница, а ќе се направат и неколку изложби. За кратко време ќе излезе и новата сликовница со афоризми од Миле Ѓорѓијоски, со илустрации на Софија Ситновска. 

Својата програма, изданието на  „Ин Виница веритас“ за 2025 година, ја заврши синоќа со стенд ап комедијата на Надица Петрова, актерка во Тетатарот „Златен Елец“. Фестивалот започна на 24 октомври со изложба на карикатури, а го отвори министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Во програмата доминираше театарот со повеќе претстави. ис/вј/

Фото: МИА

 

Остани поврзан