Со промоција на книгата ,,Мајко, камен да беше ќе пукнеше" почна Кавадаречко културно лето
- Со промоција на книгата „Мајко, камен да беше ќе пукнеше" од Диме Ристов - Кана, вечерва започна манифестацијата „Кавадаречко културно лето", што ќе трае до крајот на месец август. Станува збор за автобиографско дело, за животот на едно посвоено дете и предизвиците со кои се соочувало тоа дете и патот низ кој се градела неговата личност низ времето. Издавач на книгата е градската библиотека „Феткин".
Кавадарци, 26 јуни 2025 (МИА) - Со промоција на книгата „Мајко, камен да беше ќе пукнеше" од Диме Ристов - Кана, вечерва започна манифестацијата „Кавадаречко културно лето", што ќе трае до крајот на месец август. Станува збор за автобиографско дело, за животот на едно посвоено дете и предизвиците со кои се соочувало тоа дете и патот низ кој се градела неговата личност низ времето. Издавач на книгата е градската библиотека „Феткин".
- „Кавадаречко културно лето" е во организација на кавадаречката локална самоуправа, во соработка со сите општински културни институции. Во рамките на манифестацијата се многубројни и различни културни активности, за сите генерации, рече директорот на библиотеката, Петар Гурев.
Во своето обраќање до присутните, авторот на книгата посочи дека и во оваа, како и во првата книга, во фокусот е мајката, неговата мајка и неговиот живот.
- Родители, размислете што правите, затоа што секогаш децата страдаат најмногу, порача тој.
Промоцијата се одржа во Домот на културата „Иван Мазов - Климе".
Првата книга на Диме Ристов - Кана, „Со солзи по патот на судбината" беше промовирана минатата година.свд/бт/
Фото: МИА