• петок, 15 ноември 2024

Со кренато знаме на ромскиот народ Владата го одбележа Меѓународниот ден на Ромите 

Со кренато знаме на ромскиот народ Владата го одбележа Меѓународниот ден на Ромите 
Скопје, 8 април 2021 (МИА) - Пред зградата на Владата денеска, во чест на Меѓународниот ден на Ромите се виори знамето на ромскиот народ и во меѓувреме започна испораката на 450 примероци од Речникот на ромски јазик и 800 примероци од Граматиката на ромски јазик на 14 општини, информираат од Владата. Согласно Одлуката на Владата донесена на 59-тата седница, генералниот секретар Мухамед Зеќири, по повод одбележувањето на овој ден, ја започна постапката за отстапување за трајно користење на 450 примероци од Речникот на ромски јазик и 800 примероци од Граматиката на ромски јазик на 14 општини во Република Северна Македонија. Примероците на Граматиката на современиот ромски јазик и Речникот на ромски јазик како темелници на јазичната култура и наука на ромската заедница се испорачуваат на локалната власт во општините: Шуто Оризари, Штип, Кочани, Виница, Делчево, Берово, Пехчево, Куманово, Тетово, Гостивар, Прилеп, Битола, Велес и Крива Паланка. Овој ден се одбележува по повод одбележувањето на јубилејот, 50 години од одржувањето на Светскиот конгрес на Ромите, 31 година од прогласувањето на 8 Април за Меѓународен ден на Ромите од страна на Обединетите нации и 20 години од впишувањето на Ромите во Уставот на нашата земја. ар/сп/

Остани поврзан